Морските биолози и научници велат дека океанот би можел да биде извор на лек за поширок спектар на болести.

Сè што им е потребно да направат се доволно истражувања. Неодамна се пишуваше и за тоа дека лекот за ковид-19 би можел да се најде во морските опкружувања.

Околу 80 отсто од океаните остануваат неиспитани, што значи дека потенцијалот на нивната вода како извор на лек кој што сè уште е непознат, би можел да биде пронајден таму.

Океаните со векови се сметаат за извор на лекови, но научниците велат дека за нивната ефикасна употреба потребни се повеќе ресурси.

Поради тоа неодамна била покрената иницијативата „Декада на океанската наука за одржлив развој“ (DOSSDUN) која што помага во решавањето на потребите за истражување на водите, пренесува „Еуроњуз“.

Според лидерот на иницијативата, Владимир Рјабин, океанот би можел да помогне во наоѓање лек за многубројни болести, вклучувајќи го и коронавирусот.

„Океанот може да ни помогне да создадеме некои соединенија кои што се во состојба да го уништат отпорот на бактериите на антибиотиците“, изјавил д-р Рјабин.

Меѓутоа, научниците велат дека им е потребно повеќе време за правилно да го истражат потенцијалот на океанот. Еден од најважните фактори кои што ги успорува понатамошите истражувања е неразбирањето на тоа што воопшто постои во водите.

„Знаеме толку малку што немаме поим што би можеле да откриеме таму“, изјавил Рјабин.

Иако и понатаму постои сомнеж дали во океаните постои лек против ковид-19, тој верува дека морскиот живот може да даде значителна и повеќекратна помош во борбата против вирусот.

„Поради тоа мора со медицински истражувања на океаните да се дадат информациите кои што се потребни. Но, треба многу време кое што можеби не го имавме досега“, изјавил д-р Рјабин.

Професорот Деидун од Универзитето на Малта и моментален амбасадор на океаните, го дели ова мислење и верува дека лекот за болести како ковид-19 може да лежи на дното од океаните:

„Потенцијално да, но процесот е долготраен, па доколку започнеме сега, веројатно ќе може да пронајдеме лек за идните пандемии кои што ќе се појават во наредните години“, објаснил тој.

Извор: Alo.rs