Huawei P50 серијата ќе биде следната линија на премиум телефони на компанијата, а сега дојавувачот @OnLeaks ни дава подобар увид во првиот смартфон на Huawei што се очекува со Harmony OS платформата уште од самиот старт.
Се појавија рендери на Huawei P50 Pro моделот, со малку поинаков изглед на системот на камери. Испакнувањето за камерата има две големи тркалезни леќи, што сугерира дека претстојниот телефон на Huawei ќе понуди премиум искуство на фотографирање и снимање видео.
Задниот дел на уредот е направен од стакло, додека рамката е креирана од метал. Според извештајот на дојавувачот, од предната страна се наоѓа 6,6-инчен панел, со донекаде закривени рабови и тенки рамки. Тука е и центрираниот punch-hole отвор за селфи камерата.
Нема информации за карактеристиките на сензорите на камери одзади и однапред, а извештаите сугерираат дека P50 Pro ќе користи Sony IMX800 1″ сензор со 50MP резолуција. Останатите карактеристики го вклучуваат интегрираниот сензор за отпечатоци и два стерео звучника.
Презентацијата на Huawei P50 серијата телефони се очекува до крајот на март.
Поврзани артикли