Канада денеска ја блокираше кинеската апликација за социјални медиуми TikTok од уредите на владините службеници, велејќи дека претставува „неприфатлив“ ризик за приватноста и безбедноста.

Канада им оневозможи на федералните вработени да ја преземат апликацијата, се вели во соопштението на секретаријатот на канадското Министерство за финансии.

Во него се наведува дека методите со кои TikTok собира податоци овозможуваат значителен пристап до содржината на телефонот.

„ТикТок“ соопшти дека е разочаран од одлуката на Канада, која е донесена „без наведување на какви било конкретни безбедносни проблеми“.

Кинеската компанија додаде дека не била контактирана од канадските власти за „да разговараат за какви било прашања пред да донесат одлука“, напиша нејзиниот портпарол.

Одлуката на Отава доаѓа неколку дена откако Европската комисија воведе слична забрана и е знак на зголемена загриженост поради кинеската апликација за социјални медиуми за која се верува дека е блиска до владејачката Комунистичка партија и собира податоци за корисници ширум светот.