LG кон крајот на август го претстави паметниот телефон LG G7 Fit кој сега пристигнува на пазарите во Европа, Азија, Јужна Америка и Блискиот исток по засега се уште непозната цена.

Fit моделот на изглед е идентичен на полнокрвниот LG G7 ThinkQ флегшип модел, со исклучок на задната страна каде се наоѓа само една камера.

Клучната разлика е во користениот чип, наместо актуелниот Qualcomm Snapdragon 845 чип, Fit моделот го користи малку застарениот процесор Snapdragon 821, кој се наоѓаше во минатогодишниот модел на LG, G6.

Сепак, LG G7 Fit на својот 6,1-инчен QHD+ екран ја задржува Super Bright технологијата која му овозможи на LG G7 ThinkQ моделот постигнување на распон на светлина од 920 нита.

Екранот на Fit моделот донесува и поддршка за HDR10 технологија, а тука и 32-битниот Quad DAC, 3,5-милиметарски влез за слушалки, IP68 сертификат за водоотпорност и MIL-STD-810G отпорност на удари.