Dell го претстави својот нов гејмерски лаптоп G15, кој најпрвин ќе биде достапен во Кина пред да се најде во продажба во други региони низ светот. Индустрискиот дизајн на лаптопот е целосно нов, а веројатно најзабележителна карактеристика е бојата што се користи за куќиштето.

На куќиштето се видливи дамки во боја, а Dell истакнува дека G15 користи „бои на база на вода, со мала содржина на VOC за издржлив и еколошки дизајн“. Лаптопот е достапен во бои како што е Spector Green со дамки, Phantom Grey со дамки, Dark Shadow Grey и Obsidian Black.

Комплетните спецификации на новиот G15 лаптоп сè уште не се познати, но лаптопот може да биде опремен со графичка карта до Nvidia RTX 3000 серијата и нуди три опции на перформанси до 115W TDP.

Екранот има 15,6-инчен панел со брзина на освежување до 360Hz. Dell исканува дека ладењето е подобрено благодарение на дизајнот заснован на Alienware технологијатата. Постои и опционална 4-зонска RGB тастатура, со AlienFX софтвер за прилагодување.

Новиот гејмерски лаптоп Dell G15 ќе се најде во продажба во Кина, додека глобалната достапност се очекува во текот на април.