Најновата верзија на оперативниот систем на компанијата Apple, iOS 14 има за цел да стави крај на прислушкувањето и користењето на камерата и микрофонот на вашиот телефон без дозвола.

Поради тоа, iOS 14 има опција што на корисниците им овозможува да видат кога е вклучен нивниот микрофон или камера. Корисниците тоа отсега ќе го видат со помош на портокаловата точка во горниот десен агол на екранот, а користејќи го Control Center може да се провери која апликација моментно го користи микрофонот или камерата.

Доколку не сакате некоја апликација да ги користи податоците собрани на овој начин, тогаш би требало тоа и да го оневозможите. Од друга страна, секогаш можете да ја избришете апликацијата ако сте сомничави, пренесува Индекс.

Многумина се загрижени поради ваквите ситуации, поради тоа што тврдат дека им се случувало да зборуваат за нешто со пријателите, а подоцна им се појавуваат реклами за тоа или на Facebook или на Instagram.