Nikon најави дека го развива Nikon Z9, премиум Z mount модел на фотоапарат со полн формат и без огледално, што „ќе нуди најдобри перформанси на фотографирање и видео во историјата на Nikon“. Новиот модел ќе биде објавен во текот на 2021 година, и ќе понуди 8К снимање на видео и други напредни карактеристики.
Компанијата посочува дека Z9 ќе има новоразвиен CMOS сензор со формат FX, веројатно во опсег од 40 до 50 мегапиксели. Тука е и новиот мотор за процесирање, кој ги подобрува брзините на снимање и перформансите за автоматско фокусирање / следење на очите.
Покрај можноста за снимање 8K видео, Nikon Z9, според компанијата, ќе понуди и други видео спецификации кои ги надополнуваат различните потреби на корисникот. Ова веројатно значи поддршка за различни степени на 4К резолуција од 4K и фрејмрејт, 10-битно или RAW интерно снимање видео и повеќе.
Засега нема информации за цената на фотоапаратот, но Nikon вети дека повеќе детали за Z9 моделот ќе бидат достапни во следните месеци.