Сингaпур гради пловечки соларни фарми во борба против климатските промени. 

Илјадници соларни панели се поставуваат на брегот на Сингапур, со цел оваа држава да даде свој придонес во борбата против глобалната климатска криза.

Иако е една од најмалите земји во светот, бидејќи Сингапур е помал од половина Лондон, сепак се работи за успешна заедница, но и за земја што ја има една од највисоките емисии на јаглерод диоксид по глава на жител во Азија.

Една од новите соларни фарми се протега по должината на брегот на Сингапур во Јохорското море, кое ги одделува Сингапур и Малезија. На морското дно се „вкотвени“ 13.000 соларни панели со капацитет од 5 мегавати електрична енергија, што е доволно за напојување на речиси 1.500 станови во текот на целата година.

Панелите се произведени во Кина, која е најголем производител на соларни панели во светот, а се закотвуваат со помош на ланци и бетонски блокови.

Уште поголем проект за соларна фарма ќе биде завршен оваа година и ќе се состои од 122 000 соларни панели во резерватот Тенге. Проектот го развива Sembcorp.

Сингапур нема доволно брзи реки за хидроелектрични централи, ниту ветровите се доволно силни за покрренување на турбините, така што соларната енергија е единствениот избор.