Microsoft од 2019 година нуди 15-инчна верзија на Surface Laptop 3 уредот што може да се конфигурира со AMD процесор. Сега, според нови информации, компанијата планира да им ја понуди истата опција на оние кои сакаат 13,5 инчиен модел на лаптоп.

Според извештајот на WinFuture, Microsoft во април ќе го објави Surface Laptop 4, кој ќе има AMD и Intel опции на процесор и за 13,5-инчниот и за 15-инчниот модел.

Microsoft, наводно, ќе понуди Surface Edition варијанти со Ryzen 5 4680U и Ryzen 7 4980U процесори (подобрување во однос на 3580U и 3780U, кои моментно се достапни за Surface Laptop 3, но и натаму под 5.000 серијата чиови, која AMD ја објави на почетокот на оваа година).

Оние кои сакаат Intel процесор, ќе можат да изберат помеѓу Core i5 1145G7 и Core i7 1185G7, верзиите, а двата процесори пристигнуваат од најновата 11. генерација на Tiger Lake серијата на Intel.

Покрај тоа, се очекува дека Intel Surface Laptop 4 моделите ќе имаат максимални опции од 32 GB RAM и 1TB простор за складирање, додека за AMD варијантите тоа ќе биде 16GB RAM и 512GB простор.

WinFuture сугерира дека двата модела ќе ги задржат актуелните резолуции на дисплејот од 2256 x 1504p и 2496 x 1664p и ќе ја имаат истата понуда на портови.