Во верзијата опремена со 8GB РАМ меморија и 128GB интерна меморија, Escobar Fold 2 може да се набави по цена од 400 американски долари.

Пред околу два месеци Роберт Де Хесус Ескобар Гавирија, братот на прочуениот нарко бос во историјта на организиран криминал – Пабло Ескобар, го претстави првиот телефон со екран на преклоп произведен во неговата компанија „Escobar Inc“.

За разлика од скапите Samsung Galaxy Fold и Huawei Mate X, Escobar Fold 1 на пазарот може да се купи по цена од само 250 долари.

За многу кратко време, Escobar Inc. на пазарот го претстави и новиот “преклопник“ – Escobar Fold 2.

И како што за првиот уред се тврдеше дека е копија од еден од првите модели на телефони на преклоп – Royole Flexpai, неговиот наследник е многу сличен на Samsung Fold.

Како што тврдат од компанијата, нивниот уред има AMOLED екран во дијагонала од 7.3 инчи (кога е отворен). Escobar Fold 2 го покренува Qualcomm Snapdragon 855 чипсетот, а телефонот е опремен со пет камери.

Бидејќи телефонот најверојатно е од кинеско потекло, многумина се скептични кога станува збор за неговиот квалитет.

Меѓутоа, доколку не биде запомнет по неговиот квалитет, Escobar Fold 2 како и неговиот претходник, сигурно ќе бидат запомнети по впечатливата рекламна кампања – „Sexy girls not included“!

Извор: Telegraf.rs