Корисниците на системот на Apple, кои планираа да го купат iMac Pro за посериозна работа, ќе мораат да се решат на тој потег што е можно поскоро. Според информациите на веб-страницата 9to5Mac (што Apple го потврди за Engadget), компанијата планира да престане со продажба на iMac Pro компутерите. Во моментов, можат да се купат само 10-јадрени Xeon конфигурации и тие ќе бидат достапни само додека траат залихите.

Apple посочи дека повеќето корисници воглавно се задоволни од 27-инчниот iMac модел од 2020 година од горниот сегмент, кој имплементира SSD диск, има понови графички картички, до 128 GB RAM меморија и опција на дисплејот со нано-текстура што го намалува отсјајот. Компанијата додава дека на оние на кои им е потребно повеќе секогаш можат да купат Mac Pro.

Не е познато дали Apple планира да понуди замена за iMac Pro и кога тоа може да се случи. iMac Pro беше објавен кон крајот на 2017 година, како систем што ќе им служи на корисниците додека го чекаат редизајнираниот Mac Pro. Меѓутоа, иако компанијата го надгради оригиналниот осумјадрен процесор со 10 јадра, хардверот потоа не беше ажуриран.

Apple одлучи да му посвети поголемо внимание на Mac Pro моделот и iMac Pro остана корисен главно за корисниците на кои им беше  потребен релативно лесно пренослив професионален компјутер, за обработка на фотографии и видеа.