Google моментно работи на нови Pixel телефони, а според информациите на дојавувачот Џон Просер, компанијата планира својата следна Pixel објава да ја одржи на 11. јуни оваа година.
Ова е многу необичен период на објава за Google, кој во минатото Pixel телефоните ги претставуваше воглавно подоцна во текот на годината. Во секој случај, не би било изненадување доколку следниот Pixel биде објавен во текот на Google I/O настанот, кој се одржува во сличен период оваа година.
Засега нема информации за тоа кој модел во рамките на Pixel линијата ќе биде објавен. Гласините го споменуваа Pixel 5а, кој нема претерано интересни карактеристики, како и Pixel 6, кој ќе има нешто посилни спецификации. Претходно се споменуваше и флексибилниот Pixel модел, кој исто така би можеле да го видиме оваа година.
Поврзани артикли