Во Калифорнија, родител неодамна поднел тужба против 2K Games, откако на малолетниот играч му била отстранета виртуелната валута од сметката.

Имено, играчот имал непотрошени пари (VC) во постарите видеоигри NBA 2K, WEE 2K и PGA Tour 2K, а со прекинот на поддршката за истите тие пари пропаднале.

Во тужбата се наведува дека 2K Games не нуди објаснување зошто не дозволува рефундирање и, при купување на виртуелна валута, не дава предупредување дека парите се одземени ако не се потрошат пред видео играта да ја изгуби официјалната поддршка.

Што се однесува до поддршката, во тужбата се наведува и дека серверите за 2K игрите се исклучуваат ненормално брзо – кутиите за игри веќе имаат информации за тоа кога серверите ќе се исклучат од првиот ден. На пример, за минатогодишниот NBA 2K23, веќе е познато дека серверите ќе се исклучат на 31 декември 2024 година, помалку од две и пол години по објавувањето на играта.