Американската армија има нов план за решавање на проблемот со дроновите кои што во иднина би можеле да претставуваат закана по националната безбедност на САД.

Од американската армија потврдија дека наскоро, непријателските дронови од својот воздушен простор ќе ги острануваат со нова метода – употреба на микробранови.

Имено, од армијата соопштија дека планираат од познатата компанија “Lockheed Martin” да го откупи напредниот микробранов систем со цел во иднина да го користи во борбата против непријателските дронови.

Таквото оружје, кое што би можело да биде поставено и на авионите, ќе функционира на таков начин што, ќе ги онеспособува дроновите со четири пропелери со емитување на сноп на фокусирана радијација во нивен правец.

Безбедносните мерки против агресорските дронови се неопходни, со оглед на тоа што дроновите веќе на големо се раширија низ светот и може буквално да бидат купени од секого.

Голем број на дронови се користат за криумчарење на дрога, а исто така и како средство за напад на непријателска мета. Еден од последните примери беше обидот за атентат на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро кој што беше нападнат со два дрона со шест пропелери на кои што бил поставен експлозив со далечински детонатор.