Аналитичарот Минг-Чи Куо е повторно активен, a овој пат сугерира дека Apple во втората половина на годината ќе објави четири различни модели на iPhone. Новите смартфони ќе пристигнат со истите големини на екрани, како и моделите од 2020 година.
Куо сугерира дека iPhone 13 Pro моделите ќе ги красат штедливи 120Hz LTPO дисплеи, а ќе имаат и ултрашироки камери, со побрза f / 1.8 бленда, што вклучува автоматски фокус.
Годинашните модели не се очекува да имаат значително поинаков дизајн од сегашните iPhone уреди. Сепак, телефоните ќе има поголеми батерии и ќе се одликуваат со помал засек во екранот. Куо верува дека iPhone моделите годинава нема да се префрлат на USB-C, а сите четири модели ќе го користат Qualcomm X60 5G модеми.
Во извештајот не се споменува дали Apple во новите модели може да додаде сензор за отпечатоци под екранот, но Bloomberg на почетокот на оваа година објави дека тоа ќе биде една од најголемите надградби на iPhone 2021 моделите.
Минг-Чи Куо објави и некои детали за iPhone моделите од 2022 година. Според аналитичарот, следната година барем некои од iPhone уредите ќе имаат punch-hole отвор за предната камера. Apple, наводно, подготвува и нов SE модел со 5G конекција, кој треба да биде објавен во текот на првата половина на 2022 година.
Поврзани артикли