Acer претстави нов ултраширок 4K монитор со ознака CB342CKC. Мониторот е дел од OmegaLine линијата на компанијата и има 34-инчен IPS екран со UWQHD (3440 x 1440p) резолуција и 21:9 однос на страници.

Панелот нуди поддршка за стапка на освежување од 75Hz, а има и 1ms одзив. Ниската стапка на освежување е донекаде компензирана со поддршката за AMD FreeSync технологијата.

Acer CB342CKC има осветлување од 400 нита, но пристигнува без DisplayHDR сертификат. Присутна е покриеност од 99% на sRGB спектарот на бои и агли на гледање од 178 степени. Од портовите се достаони 2x HDMI 2.0, 1x DisplayPort 1.2, 1x USB 3.1 Type-C, 2x USB 3.1 Type-A (hub). Тука се и 2x 3W стерео звучници.

Мониторот има тенки рамки околу екранот, додека сталакот нуди различни опции на подесување и 100 x 100 mm VESA mount. Acer не ја објави цената и достапноста на мониторот на пазарот.