Минатата недела се појавија неофицијални рендери кои ги прикажуваат четирите опции на бои за Samsung Galaxy S21 и Galaxy S21+ моделите. Овие фотографии не беа 100 проценти точни, но сега официјални фотографии до кој дојде сајтот WinFuture даваат многу подоббра идеја за изгледот на задната страна и металната рамка на Galaxy S21 телефонот.

Претходно имавме прилика да видиме и видео тизери што навестуваат дизајн во тона. Овој пат, имаме подобар увид во дизајнот, кој е највидлив во виолетовата варијанта на смартфонот. Белиот модел е попригушен со бела задна страна и сребрена рамка. Розевата и темно сивата веријанта користат една нијанса за задниот панел и рамката.

Кога ќе се спореди дизајнот на Galaxy S21 и S21+ моделите, плус моделот практично претставува зголемена верзија на основниот уред. Уште една разлика е тоа што се очекува дека Galaxy S21 ќе има задна страна од пластика, додека Plus и Ultra modelite ќе користат задни панели од стакло.

Се очекува дека Samsung Galaxy S21 серијата ќе чини колку и S20 генерацијата, но ќе биде објавена порано од вообичаеното, односно на почетокот на јануари следната година.