Дојавувачот Ишан Агарвал за сајтот 91Mobiles сугерира дека OnePlus во текот на март ќе претстави најмалку четири уреди, вклучувајќи го достапниот телефон OnePlus 9R, стандардниот OnePlus 9, OnePlus 9 Pro моделот и претходно најавениот паметен часовник. Агарвал не ги спомена спецификациите на 9R смартфонот и паметниот часовник, а информациите пристигнуваат еден ден откако @evleaks пронајде докази за 9R во името.
Претходните гласини сугерираа дека 9R би можел да го носи името 9E или 9 Lite, а би требало да ја пополни празнината помеѓу помеѓу вообичаените премиум и буџетски Nord уреди на компанијата OnePlus.
Телефонот може да има 6,5-инчен дисплеј со освежување од 90Hz, Snapdragon 690 чип и главна камера од 64MP, како и повеќе RAM меморија и поголема батерија во однос на Nord N10. Од моделите OnePlus 9 и 9 Pro се очекуваат дисплеи со освежување од 120Hz, Snapdragon 888 чип и понапредна технологија на камерата.
Паметниот часовник на OnePlus ќе има кружен дизајн, со Wear OS платформа и веројатно ќе дели некои карактеристики со Oppo Watch RX моделот.
Доколку овие тврдења се покажат точни, се очекува дека OnePlus наскоро ќе почне со објавување тизери за 9R, паметниот часовник и другите телефони кои наскоро ќе бидат претставени.