Речиси три месеци по објавата на GeForce RTX 3060 Ti моделот, Nvidia додаде нова графичка карта во својата линија. Nvidia GeForce RTX 3060 е опремена со GA106 графички процесор.

Видео картичката има 3584 CUDA јадра, а интересно е што овој модел има 12GB GDDR6 видео меморија. Тоа е повеќе отколку кај RTX 3060 Ti со 8 GB или RTX 3080, кој има 10GB. Гласините сугерираат дека компанијата планира и објава на GPU RTX 3060 со 6GB видео меморија.

GeForce RTX 3060 е првата графичка карта на Nvidia која има алгоритам против криптовалути,  вграден во фирмверот и софтверот. Nvidia истакнува дека ова нема да влијае на другите аспекти на графичката карта, како што се гејминг или рендерирање, и ќе биде невозможно да се хакира.

Покрај тоа, графичката карта е и првата што имплементира ResizableBAR поддршка. Технологијата му овозможува на процесорот пристап до целосната видео меморија.

Процесорот Nvidia GA106 има три GPU Processing кластери, a секој од нив има пет кластери за обработка на текстурата. Бројот на Tensor јадра е намален во однос на RTX 2060, од ​​240 на 112, но се работи за понови јадра од третата генерација.