Многу корисници ширум светот кои ја инсталираа новата верзија на оперативниот систем на Apple – iOS 14, забележале неочекувани промени на нивните уреди.

Корисниците велат дека Instagram пристапува до нивните камери дури и кога не се фотографираат. Корисниците велат дека сè повеќе ја забележуваат зелената точка која покажува дека е вклучена камерата, без разлика дали тие се фотографираат или не.

Од компанијата за Business Insider изјавија дека е во прашање грешка која се обидуваат да ја поправат и додадоа дека иако се појавува зелената точка, тоа не мора да значи дека Instagram пристапува до нивната камера.

Ова не е прв случај да се појави ваква грешка на оперативниот систем на Apple.

Извор: Klix.ba