Twitter додаде две нови функции на својата платформа. Првата е Super Follows, и во прашање е првата премиум функција на компанијата. Втората карактеристика е Communities.

Super Follows им овозможува на корисниците да им наплатуваат на своите следбеници за пристап до специјални содржини. За одредена месечна сума, Super Followers корисниците ќе можат да ги видат ексклузивните содржини, да добиваат билтени наменети само за претплатниците, попусти на корисничките производи, пристап до заедницата и друго. Опциите зависат од индивидуалната сметка и од она што сакаат да им го понудат на своите претплатници.

Друга функција е Communities. Корисниците ќе можат да креираат и да им се приклучуваат на групите кои покриваат специфични теми или интереси. Овие делови од заедниците потоа ќе можат да ги видат објавите на другите корисници со кои споделуваат мислење, наместо досегашната структура која беше случајна.

Нема информации за тоа кога Super Follows и Communities функциите ќе им станат достапни на корисниците.