Samsung претходно оваа година го претстави Galaxy A32 5G телефонот, а сега пристигнува и модел кој нуди само LTE покриеност. Телефонот го носи името Samsung Galaxy A32 и веќе се продава во Русија.
Разликите меѓу двата модела се значителни, па така Galaxy A32 користи Helio G80 чипсет, наместо Dimensity 720. Има и нов екран, подобрена камера и подобар селфи сензор.
Samsung Galaxy A32 користи Infinity-U 6,4-инчен Super AMOLED панел, со Full HD+ резолуција. Предната камера, сместена во засек, има сензор од 20MP и f/2.2 леќа, но нема автоматски фокус. Под екранот има сензор за отпечатоци, а дисплејот има Gorilla Glass 5 заштита.
Постојат четири камери на задната страна, а Galaxy A32 користи 64MP главен сензор, 8MP ултраширок и два 5MP сензори за макро и длабочинска фотографија.
Батеријата со капацитет од 5000mAh се полни преку USB-C порт, со брзина од 15W. Телефонот го користи One UI 3.1 интерфејсот од самиот старт, базиран на Android 11. Достапни се опции со 64GB и 128GB простор за складирање, и во двата случаи се добива 4 GB RAM меморија.
Телефонот се продава во Русија по цена од околу 270 и 295 долари за 64 ГБ и 128 ГБ варијантите, а пристигнува во Awesome Violet, Awesome Black и Awesome Blue варијанти на бои.
Поврзани артикли