Сајбер банда извршила хакерски напад врз биолошката лабораторија на Универзитетот во Оксфорд, каде се истражува Ковид-19, соопшти денеска британскиот весник The Telegraph.

Според лондонскиот весник, хакирањето се случило во Одделот за структурна биологија, познат како STRUBI, каде се истражува Ковид-19, пренесуваат британските медиуми.

Универзитетот во Оксфорд веднаш не даде одговор на барањето за коментар, но за The Telegraph потврди дека одделот STRUBI бил цел на хакерски напад.