Видео објавено на YouTube, покажува на кој начин флексибиниот Huawei Mate X2 се поврзува со Huawei Matebook лаптопот со помош на NFC конекција.
По поврзувањето, дисплејот на телефонот автоматски се прикажува на екранот на лаптопот. Иако не се работи за нова функција, интересно е да се види како Multi-Screen Collaboration опцијата работи со секундардниот интерен дисплеј на уредот.
Штом смартфонот се отвори, пресликаниот приказ на екранот брзо се шири за да го прикаже поголемиот екран на флексибилниот телефон. Префрлувањето помеѓу надворешниот и внатрешниот дисплеј се одвива брзо и без сопирање.
Huawei Mate X2 е наследник на Mate X и Mate XS моделите, и се карактеризира со свиткување на навнатре. Ова е и првиот флексибилен телефон кој има перископ зум камера. Поседува и две селфи камери на екстерниот дисплеј, како и четири камери на задната страна.