Американската вселенска агенција NASA објави невообичаено видео oд слетувањето на своето роботско возило Perseverance на Марс, а луѓето веднаш забележаа интересна шема на падобранот што помогна да се забави спуштањето.
„Може да го забележите дезенот на падобранот“, рече Ален Чен, водач на тимот за слетување на роверот, по објавувањето на снимката.
“Таквите обрасци ни се корисни при одредување на ориентацијата на падобранот. Исто така, контрастните делови можат да бидат корисни за следење на различни делови од падобранот кога ќе се надува. Но, се надеваме дека ќе ги инспирираме другите со нашите напори и инженеринг. Затоа, понекогаш оставаме пораки за другите да можат да ги пронајдат. Затоа ве покануваме сите да пробате “, додаде тој, а голем број се фрлија на работата и успеаја да го прочита тајниот код на падобранот за само неколку часа.
Тие ги замениле црвено-белите обрасци со нули и единици (речник на бинарен код) и сфатиле дека секој од концентричните кругови на падобранот претставува еден од трите зборови. Нулите и единиците треба да бидат одделени во низи од 10 карактери, а потоа со додавање на бројот 64, се добива компјутерски ASCII код што претставува одредена буква.
„Осмелете се за моќни работи“, е пораката што ја сокрила НАСА на падобранот. „Осмели се да правиш силни работи“, е преводот на пораката што Теодор Рузвелт ја употребил за прв пат во својот говор.
It looks like the internet has cracked the code in something like 6 hours! Oh internet is there anything you can’t do? For those who just want to know: #Mars2020 #CountdownToMars pic.twitter.com/yTJCEnbuLY
— Adam Steltzner (@steltzner) February 23, 2021
„Многу е подобро да се осмелите да правите големи работи, да освојувате славни триумфи, иако неуспехот демне, отколку да застанете покрај оние бедни души кои ниту уживаат многу ниту страдаат многу, затоа што живеат во сив самрак што не знае ниту победа ниту пораз„рече тој во 1899 година.
НАСА претходно го користела ова мото во мисиите поврзани со Марс.
„Изгледа како Интернет да го скрши нашиот код за шест часа. Ох, Интернет, има ли нешто што не можете?“, потврди инженерот Адам Стелцнер.