Кина сака да создаде мрежа од 26.000 интернет сателити во ниската орбита на Земјата.

Тие сателити ќе ја покриваат целата планета и ќе се натпреваруваат со сателитите Starlink на американската компанија Space X, пренесува јапонската медиумска компанија Nikkei.

Во 2021 година, Пекинг ја создаде државната компанија „China Satellite Network Group“, позната и како SatNet, која треба да создаде мрежа од 13.000 интернет сателити.

Според кинеските медиуми, SatNet ќе лансира околу 1.300 сателити или 10 отсто од планираниот број од првата половина на 2024 до 2029 година.

Кина има намера да стане суперсила во истражувањето на вселената на ниво на Соединетите Американски Држави до 2030 година и планира да изгради сопствена вселенска станица и да ја истражи планетата Марс.