Lenovo го навести својот следен гејмерски телефон на социјалната мрежа Weibo. Самиот тизер открива само дека ладењето ќе биде главната карактеристика на уредот и дека телефонот ќе биде дел од линијата Legion.

Чен Жин, генерален менаџер на Lenovo, во објавата посочува дека телефонот ќе се карактеризира со голем број функции и дека нема да штеди на ништо за да се постигне ултимативно гејминг искуство. Исто така, вети и дека уредот ќе биде објавен напролет.

Се очекува дека претстојниот телефон би можел да биде Lenovo Legion Pro 2, со Snapdragon 888 чипсет, до 16GB RAM и некој вид на активно ладење.

Доколку претходниот Legion Pro е некое мерило, неговиот наследник би требало да има батерија со капацитет од најмалку 5000mAh, како и AMOLED екран со брзина на освежување од 144hhz.