Huawei официјално го претстави својот буџетски Enjoy 10e телефон, кој дебитираше на пазарот во Кина. Самртфонот пристигнува по ниска цена (околу 140 долари), а нуди интересни функции, солиден простор за складирање и голема батерија.

Enjoy 10e има HD+ екран од 6.3 инчи, со 720 x 1600p резолуција и засек во облик на капка. Телефонот го покренува Helio P35 чипсет, заедно со 4GB RAM. Поседува доста интернет простор за складирање, а има и microSD слот до 128 GB.

Телефонот пристигнува со Android 10 OS, преку кој оди најновиот EMUI 10 кориснички интерфејс. Сето ова го напојува батерија од 5000mAh, со поддршка за 10W полнење.

Кога се во прашање камерите, Huawei Enjoy 10e има 8MP f/2.0 селфи камера, како и две камери на задната страна: 13MP главна, со f/1.8 отвор на бленда и LED блиц, како и 2MP сензор на длабочина.

Останатите функции на телефонот вклучуваат dual 4G VoLTE, Wi-Fi, Bluetooth, GPS, microUSB и 3.5mm приклучок за слушалки, додека изоставен е сензорот за отпечатоци од прсти.