Компанијата Sony потврди дека е во процес на развој на PlayStation VR хедсет наменет за најновата PlayStation 5 конзола.
PSVR уредот ќе се фокусира на подобрување на целокупното искуство и на визуелниот квалитет. Може да се очекуваат „драматични скокови“ во перформансите, вклучувајќи и повисока резолуција, пошироко видно поле и подобро следење, а се подготвува и нов VR контролер кој ќе има елементите на DualSense контролорот и подобра ергономија.
Новиот уред ќе се поврзат со PS5 конзолата со еден кабел, така што не станува збор за безжичен уред.
Sony објави дека VR хедсетот нема да се појави на пазарот оваа година, бидејќи има уште многу работа да се заврши.
Поврзани артикли