Претстојната OnePlus 9 серија беше предмет на многу протечени информации во претходниот период, а се очекува дека ќе ја сочинуваат три телефони. OnePlus 9E (или OnePlus 9 Lite) ќе биде подостапен член на линијата, а сега блогот Techmaniacs ни нуди увид во некои од карактеристиките на овој смартфон.

OnePlus 9E наводно ќе има 6,5-инчен дисплеј со 2400 × 1080p резолуција и брзина на освежување од 90Hz, ќе го покренува Snapdragon 690 чипсет, а на задната страна ќе има 64MP главна камера.

Покрај тоа, се очекува ултраширока камера од 8MP, додека капацитетот на батеријата ќе биде 5000mAH. Основната варијанта на телефонот би требало да има 8GB RAM и 128GB простор за складирање.

Се појави и скриншот од „Aboout Phone“ секцијата на стандардниот OnePlus 9 модел. Може да се види дека уредот користи Snapdragon 888 чипсет, има 6,55-инчен Fluid AMOLED дисплеј со брзина на освежување од 120Hz. Присутни се и 48MP + 50MP + 2MP камери, како и 8GB RAM и 128GB простор за складирање. Претходните гласини сугерираа батерија од 4500mAh со поддршка за полнење од 65W.