Realme официјално го претстави својот нов достапен смартфон – Realme 7i. Телефонот дебитираше во Индонезија и е најнов член на Realme 7 серијата.

Realme 7i има 6.5-инчен LCD екран, со HD+ резолуција и 90Hz стапка на освежување на екранот. Во дисплејот се наоѓа punch-hole отвор за 16MP селфи камера. На задната страна на смартфонот се сместени четири камери: 64MP главна, 8MP ултраширока, 2MP макро и 2MP монохромен сензор.

r2_16.jpg

Уредот го покренува Snapdragon 662 чипсет, во комбинација со 8GB RAM и 128GB простор за складирање, што може да се прошири преку microSD картичка. Сето ова го напојува батерија од 5000mAh, со поддршка за 18W брзо полнење. Оперативниот систем е Realme UI, заснован на Android 10.

Realme 7i пристигнува во Polar Blue и Aurora Green варијанти на бои, по цена од околу 215 долари за единствениот 8GB+128GB модел.