Компанијата Google ја лансираше четвртата бета верзија на Android 12, а иако нема некои поголеми нови функции, таа сепак е важен чекор во развојот на оперативниот систем.

Android 12 се залага за стабилноста на платформата, што значи дека работата на неговиот развој е речиси готова. Google во март соопшти дека се надева на постигнување на стабилност на платформата во август, така што е на добар пат да го оствари тоа.

Девелоперите сега можат да ги извршуваат своите последни тестови за компатибилност без многу грижа дека Android 12 ќе се промени во следниот период. Финалната бета верзија на Android 12 ќе се појави во наредните седмици.

Гугл очекува дека Android 12 ќе биде достапен за корисниците во наредните неколку месеци, веројато со претстојниот Pixel 6 мобилен телефон.

Иако постои можност за појава на нови функции, за нив веројатно нема да дознаеме се додека Google не ги објави новите флегшип детали.

Оние кои ќе сакаат да го испробаат Android 12, на некои уреди е веќе достапен, а помеѓу нив се и Google Pixel, One Plus, Xiaomi и ZTE телефоните како и Google TV.