Новото ажурирање за Microsoft Word, кое пристигнува следниот месец, ќе ја имплементира функцијата што долго ја очекуваат. Функцијата за предвидување текст во текот на пишувањето (Text Prediction) автоматски ќе сугерира нови зборови додек корисникот ја пишува реченицата. Иако функцијата е нова за Microsoft Word, треба да биде слична на она што го нуди Google за Gmail и својот пакет бизнис апликации.
Microsoft го најави предвидувањето на текст во Word уште минатата година, а функцијата користи “machine learning” модел за нудење сугестии, засновано на она што го пишува корисникот. Тоа значи дека со време функцијата ќе напредува и ќе нуди подобри зборови. Оваа опција би требало да им помогне на корисниците да пишуваат поефикасно и попрецизно, така што ќе ги намалат грешките.
Microsoft минатата недела најави дека подоцна годинава ќе го објави Office 2021 за стандардните корисници и Office LTSC (Long Term Servicing Channel) за комерцијални/бизнис потреби, а пакетите ќе имплементираат бројни подобрувања.