Новите информации за претстојните WH-1000XM4 слушалки на Sony говорат за спарување на повеќе од еден уред.

Овие слушалки ќе го заменат моделот WH-1000XM3, кој спаѓа во самиот врв кога се работи за пазарот на безжични слушалки.

Информациите потекнуваат од кодот на Sony Headphones Connect апликацијата, која навестува дека M4 слушалките ќе поддржуваат симултано спарување со два уреда. Оваа можност не ја имаше претходниот модел, туку беше потребно повторно спокување доколку корисникот сака да спари друг уред.

Моделот M4 би требало да ја има и опцијата Smart Talk, која им овозможува на слушалките да детектираат гласови и да го прилагодат звукот на амбиентот, така што можете да го слушнете разговорот без потреба од вадење на слушалките. Претходниот модел имаше нешто слично под името Ambient Sound мод, кој му овозможува да го слушне звукот од опкружувањето без потреба за симнување на слушалките.