По објавата на Pixel 5 и Pixel 4a 5G телефоните во септември минатата годиба, изгледа дека Google сега се подготвува да го објави својот орв годинашен смартфон – Google Pixel 5a. Овој модел би требало да го наследи конатогодишниот Pixel 4a (4G).

Дојавувачот Steve Hemmerstoffer сега ни нуди увид во речиси официјалниот изглед на Pixel 5a телефонот, пред неговата објава која се очекува во текот на вториот квартал оваа година.

Кога е во прашање изгледот, видливо е дека 
Pixel 5a многу личи на актуелниот Pixel 4a 5G. Од преднат страна има сличен punch-hole дизајн со тенки рамки од страна. Според информациите на дојавувачот, телефонот има 6.1-инчен OLED екран со FHD+ резолуција.

На задната страна се наоѓа квадратест систем со две камери, LED блиц и непознат сензор кој може да биде PDAF. На задната страна се наоѓа и сензор за отпечатоци од прсти.

Pixel 5a се очекува да има димензии од 156,2 x 73,2 x 8,8 милиметри, што значи дека ќе биде подолг и потенок од моделот Pixel 4a 5G. Исто така, се очекува и присуство на 3.5мм приклучок и стерео звучници.