Кинескиот технолошки гигант Huawei планира компонентите за своите уреди да ги произведува во Европа.

Информацијата доаѓа во момент кога лидерот во 5G технологијата се бори со американските санкции.

– Планираме во иднина своите компоненти да ги произведуваме во Европа. Работиме на истражување на можностите за отворање фабрика на тој континент, а изборот на земјата ќе зависи од студијата, изјави претседавачот со групацијата, Лианг Хуа.

Иако не се наведува временска рамка за оваа инвестиција, сепак Лианг наведува дека „тоа може да се случи многу брзо“.

Huawei моментно е водечки играч во 5G инфраструктурата и втор по големина производител на паметни телефони во светот, по компанијата Samsung.