Експертите од Светската здравствена организација, кои го истражуваат потеклото на пандемијата на коронавирусот, претставија нова теорија.
Според нив, јазовците и зајаците би можеле да играат важна улога во пренесувањето на новиот коронавирус на луѓето на пазарот во кинескиот град Вухан.
Истражувачите веруваат дека е многу веројатно овие животни да играле улога на домаќини – медијатори во пренесувањето на вирусот.
Тие споменаа дека се уште е потребна дополнителна истрага за оние кои ги доставуваат овие и други видови животни на пазарот во Вухан, пренесуваат светските агенции.
Експертите исто така инсистираат на тоа Кина да спроведе масовно тестирање на своите фарми со ласица откако во Европа беше потврдено двонасочно пренесување на вирусот помеѓу луѓето и овие животни.
Истражувачите на СЗО минатата недела ја заврши својата четиринеделна посета на Кина.
Тие објавија дека е малку веројатно дека коронавирусот избегал од лабораторија, односно дека е создаден од човек.
Поврзани артикли