Главната карактеристика на последната серија на iPhone беше можноста за поврзување на 5G мрежата, и се чини дека Apple сега работи на развој на 6G технологија.

Компанијата со седиште во Купертино објави оглас за работа во потрага по инженери кои „би имале единствена можност да работат на изработка на безжична технологија од следната генерација, како и да влијаат на идните генерации производи на Apple.

Огласот се појавил по извештаите дека Apple работи на развој на сопствени модеми за iPhone, iPad и други уреди – сето тоа за да ги направи помалку зависни од компании како Qualcomm.

Затоа, логично е дека следниот чекор ќе биде развој на 6G технологија, особено што Apple неодамна се приклучи на индустриската група која се занимава со развој на 6G, наречена Алијанса за решенија за телекомуникациска индустрија, пренесува Блумберг.

Се разбира, бидејќи мрежата 5G стана пошироко распространета во текот на 2019 година, веројатно нема да видиме толку брзо 6G целосно развиена. Некои експерти предвидуваат дека ќе мора да почекаме барем една деценија, но Apple очигледно сака да биде пред конкуренцијата.

Минатата година Кина успешно го лансираше првиот 6G сателит во светот во вселената за да ја тестира оваа нова технологија и да види до каде е развојот.

Извор: B92.net