Извештајот на тајванскиот DigiTimes сугерира дека Apple го ангажирал LG Display за развој на флексибилниот панел за идниот iPhone.

Според извори од индустријата, LG дивизијата одговорна за развој и производство на дисплеј панели на Apple работи на прототип на овој екран. Сè уште не е потврдено дали идните модели на iPhone ќе користат флексибилен екран произведен од LG или компанијата од Купертино ќе ангажира други производители откако дизајнот ќе биде финализиран. 

Извештаите од претходно сугерираат дека Apple планира да го објави својот флексибилен телефон во текот на 2023 година, а уредот треба да има поддршка за Apple Pencil. Ова значи дека првиот флексибилен уред на Apple може да биде објавен околу четири години по моделите на Huawei, Samsung и Motorola, кои ги видовме во текот на 2019 година.