Јапонија ќе го добие првиот електричен танкер во текот на идната година, а големата батерија ќе ја испорача компанијата Corvus Energy.

„Како Норвешка, и Јапонија е поморска држава со јасен пат кон зелената иднина. Владата веќе најави амбициозен план за сопирање на емисиите на штетни гасови до 2050-та година, а тоа ќе побара и значајни иницијативи за декарбонизација во водечката светска бродска индустрија“, изјави Геир Бјоркели, директор на Corvus Energy.

Компанијата Kawasaki Heavy Industries ќе го произведе погонскиот систем за танкерот и ќе ја интегрира 3,480 kWh ESS батеријата која ќе го напојува бродот.

Исто така, благодарение на електричниот погон, ќе се намали и бучавата и вибрациите, а во случај на потреба, овој брод ќе може да ја споделува својата енергија и со другите пловила.

Corvus Energy веќе има произведено батерии за околу 400 бродови, од кои една четвртина се целосно електрични. Но, батеријата наменета за јапонскиот електричен танкер ќе биде најголема досега и еднаква на 40 батерии на Tesla Model S.

Извор: Klix.ba