Биткоинот денеска за првпат ја премина цената од 50.000 американски долари, продолжувајќи го својот забрзан раст. Сепак, овој премин на големата психолошка граница траеше кратко, падна под оваа граница и вредеше 49.235 долари.
Биткоинот доби поттик по веста дека големите компании „Тесла“, „Мастеркард“ и „БНИ Мелон“ инвестираат значителни средства во криптовалути.Минатиот понеделник, компанијата на Елон Маск, Tesla соопшти дека купила 1,5 милијарди долари биткоин како дел од новата стратегија за инвестиции и наскоро ќе го прифати како начин на плаќање за нејзините автомобили.
Аналитичарите предвидуваат бавен развој кон широко распространета употреба на биткоинот за плаќање стоки и услуги.Биткоинот генерално се перципира како залиха на вредност, како злато, со многу малку простор за трошење.
Неодамнешна студија на Дојче банк покажува дека инвеститорите сметаат дека биткоинот е најекстремниот балон на финансиските пазари.