Realme следната недела би можел да ја претстави Narzo 30 серијата телефони, а во меѓувреме се појави постер кој открива некои од главните карактеристики на уредот. Заедно со Narzo 30 Pro, може да се види и моделот 30A, додека стандардниот Narzo 30 не е споменат

Realme Narzo 30 Pro 5G ќе биде првиот Narzo телефон што поддржува 5G мрежи. За тоа ќе биде задолжен MediaTek Dimensity 800U чипсетот. Mali-G57 MC3 GPU на овој чип ќе биде задолжен за графика и брзина на освежување од 120Hz.

Кога станува збор за Realme Narzo 30A, телефонот има текстурна позадина назад, четвртест систем на камери со LED блиц, како и сензор за отпечатоци од прсти, кој е сместен на задната страна.