Наскоро конечно ќе се појави Huawei P50 серијата смартфони, бидејќи компанијата официјално го потврди датумот на претставување. Настанот ќе се одржи на 29. јули, каде што ќе видиме почеток на нова ера на мобилната фотографија, според Ричард Ју, извршниот директор на Huawei

Досега имаше само гласини за датумот, но благодарение на официјалната страница на компанијата на Weibo, знаеме дека оваа објава е навистина официјална потврда за излегувањето на новиот модел. Извештајот вели дека Huawei P50 ќе пристигне со LTE верзија на Snapdragon 888 чипсетот, но ништо не е познато за Pro или за можниот Pro+ уред.

Уредот очекуваме да се појави со Kirin 9000 чипсет и на крајот да се префрли на SD888 кога ќе се реши проблемот во производството на чипови.

Иако засега се познати малку спецификации, уверени сме дека P50 серијата ќе пристигне со HarmonyOS 2.0. Листингот открива дека телефонот ќе се испорачува со брзо полнење од 66W, додека гласините укажуваа на 1-инчен камера сензор на Sony, како и сензор од 1 / 1,18 инчи за ултраширокиот објектив.