Првите гласини за тоа дека Apple развива флексибилен iPhone се појавија на крајот на 2017 година. Потоа, извештаите сугерираа дека уредот конечно ќе биде подготвен за пазарот следната година, но новиот извештај на аналитичката компанија EqualOcean оваа објава ја поместува за 2023 година.
Интересно е дека извештајот тврди и дека флексибилниот iPhone ќе има поддршка за паметно пенкало. Не е познато дали се мисли на актуелниот Apple Pencil, кој го користат iPad моделите, или пак ќе се работи за стајлус со нов дизајн.
Кога ќе се отвори, екранот на флексибилниот уред ќе биде со големина од 7,3 до 7,6 инчи. Ова ќе овозможи многу долг однос на страници, бидејќи се верува дека флексибилниот iPhone ќе има формат на преклоп (вертикално свиткување како кај Galaxy Z Flip моделот).
Нема официјална потврда од Apple дека компанијата навистина развива телефон со екран на преклопување.
Поврзани артикли