За фановите на Galaxy телефоните и Windows 10 корисниците кои се когаш бараат подобри начини начини да ги интегрираат своите смартфони и компјутери, пристигнуваат убави вести. Samsung и Microsoft наводно се подготвуваат да го објават Quick Share за Windows 10.
Quick Share за мобилните уреди беше објавен пред околу една година, кога дебитираше на премиум Galaxy S20 серијата. Се работи за одлична функција, слична на Apple AirDrop, а овозможува лесен и директен пренос на фајловите помеѓу Galaxy уредите, преку peer-to-peer Wi-Fi мрежата.
Samsung и Microsoft сега работат на тоа Quick Share да го овозможат на Windows 10. Тоа на Galaxy телефоните и таблет уредите ќе им овозможи брзо да ги делат фајловите помеѓу своите мобилни уреди и Windows 10 компјутери.
Не е познато кога би можела да биде објавена Windows 10 апликацијата, но се очекува дека ќе биде значаен чекор напред за многуте корисници на Galaxy телефони, кои моментно имаат лимитирани начини на комуникација со своите компјутери. Your Phone и Link to Windows се значаен чекор напред кон интеграцијата на двата екосистема, но не се ни одблиску корисни за делење на фајловите, како што се Apple AirDrop или Samsung Quick Share.
Поврзани артикли