Минатогодишниот Samsung Galaxy Note10 пристигна со батерија од 3500mAh, а според извештајот на блогот Galaxy Club, неговиот наследник – Galaxy Note20 ќе има поголема батерија.

Извештајот сугерира дека Galaxy Note20 ќе има батерија со број на модел EB-BN980ABY, која има капацитет од 3880mAh, односно типичен капацитет од 4000mAh. Ова е иста големина на батеријата како кај Galaxy S20 моделот.

Со оглед на тоа дека стандардниот Galaxy Note20 ќе добие поголема батерија, претпоставка е дека Note20+, исто така, ќе има поголем капацитет на батеријата – можеби 4500mAh како кај S20+ моделот или 5000mAh како кај S20 Ultra.

Моментно нема премногу детали за Note20 серијата, но 5G верзијата и Plus моделот претходно се појавија на Geekbench, откривајќи некои спецификации: Android 10, 8GB RAM и можниот Snapdragon 865+ чипсер.

Galaxy Note20 линијата е планирана за објава во текот на август, а останува да се види дали Samsung ќе се одлучи за стандардна или онлајн презентација.