Научниците од Менло Парк, Националната лабораторија за забрзување SLAC со седиште во Калифорнија, ги направија првите дигитални фотографии од 3.200 мегапиксели, користејќи напреден уред за сликање дизајниран за истражување на вселената.

„Ќе измериме и каталогизираме околу 20 милијарди галаксии“, рече Стивен Кан, директор на Опсерваторијата Вера К. Рубин во Чиле.

Во таа опсерваторија, најголемата дигитална камера во светот ќе стане центар на монументалните напори за мапирање на ноќното небо.

На камерата ќе ѝ бидат потребни десетина години за да ги сними најдеталните слики на универзумот некогаш направени

„Повеќето делови од ноќното небо никогаш не биле снимени со телескопи“, рече Кан

„Ниту еден дел од небото навистина не е снимен со овој вид на секвенционирање и временска каденца, каде што можете да гледате како се менуваат работите“, истакна тој.