Motorola во подготовка има неколку телефони од средната класа, со медитерански кодни имиња – Ibiza, Capri, Athena – а сега на листата е додаден и Motorola Malta. Телефонот треба да се појави на пазарот како Moto E7 Power.

Moto E7 Power сега се појави на листата на Geekbench, со Helio P22 чипсет и 4 GB RAM меморија. Уредот оствари 152 и 879 поени на single-core и multi-core тестови, што не е импресивно со оглед на тоа што Helio P22 платформата  е стара речиси три години.

Малку е изненадувачки што Geekbench го наведе Helio P22 чипсетот, посебно по фактот што претходните протечени информации го сугерираа поновиот Helio G25 чип. Можеби станува збор за софтверска грешка и можно е сепак да видиме понов чипсет во Moto E7 Power моделот.