Партнерството помеѓу BlackBerry и TCL заврши минатата година. Неколку месеци подоцна, на сцена стапи нова компанија – OnwardMobility, која објави дека ќе дизајнира и продава телефони со BlackBerry брендирање во текот на 2021. година. Сега Извршниот директор на компанијата потврди дека тоа и ќе се случи.

Новите смартфони ќе бидат лесни за препознавање – ќе имаат класични BlackBerry хардверски тастатури. Во внатрешноста ќе се најде модерен хардвер, вклучувајќи ја и поддршката за 5G мрежи.

Моментно, OnwardMobility работи со Foxconn за да ги развие првите модели. Новите уреди ќе бидат објавени во Северна Америка и Европа, а ќе бидат достапни и во Азија. Нема специфичен датум на објава, освен за генералниот период во текот на 2021 година.

Главниот фокус на новите BlackBerry телефони ќе биде безбедноста – OnwardMobility ќе го искористи повеќедецениското искуство на компанијата BlackBerry за да креира безбедни комуникациски сервиси за корпорациите.