Просечниот гејмер има над 30 години и е татко на три деца. Но, сега, и 41 отсто од жените признаваат дека сакаат видео-игри, но не толку на конзоли или компјутери, туку најмногу на паметните телефони.
Како што објави британски „Мирор“, истражување во коешто учествувале 2.000 луѓе открива дека просечен гејмер е семеен човек, со куќа или стан и заработува 40.000 фунти (45.000 евра) годишно. И покрај тоа што, „традиционално“, мажите се тие кои претпочитаат видеоигри, како што се „Cole of Duty“ или „Fortnight“, сега и жените сѐ повеќе се нарекуваат „гејмерки“, иако своите омилени видеоигри најмногу ги играат на телефони.
Мажите сакаат спортски или „пукачки“ (со оружје) игри, а жените претпочитаат стратегија и загатки. Но, и тие и тие минуваат речиси исто време пред екранот.